Џафери до Силјановска: Јас сум тука од пред 9 часот, пратениците доцнеа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако пратеничката Гордана Силјановска – Давкова реагираше на доцнењето на седницата на Владата која почна денеска, нешто пред 12 часот, претседателот Талат Џафери врати:

„Почитувана пратеничке, јас сум тука од 15 до 9 часот. Пратениците доцнеа“, рече Џафери, а околу тоа дека требало најмалку 10 дена за да се разгледаат биографиите и програмата на Владата.

„Да, така стои во деловникот, но има една точка која вели дека претседателот може да ја свика седницата за избор на влада и во рок пократок од 10 дена, ако смета дека тоа е неопходно“, рече Џафери.