Џафери: Ја очекувам предлог одлуката од Владата за вонредна состојба, па да ја проследам кон претседателот Пендаровски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на вонредна прес-конференција соопшти дека во секој момент ја очекува предлог одлуката за прогласување на вонредна состојба, за да ја проследи до претседателот Пендаровски кој треба да ја донесе конечната одлука.

„Предлогот беше дека е неопходно да се објавува вонредна состојба, која ќе овозможи на институциите да дејствуваат во оваа ситуација. Во моментот на прогласување, сите надлежности преминуваат на Владата.

Она што е во најава дека од Владата ќе биде упатена предлог одлука, јас сум на очекување на таа предлог одлука, во комуникацијата сум и ме информираа дека е во подготовка, и во секој момент треба да ја добијам, и со оглед на процедурите, истата одлука врз основа на Уставот, поради општа констатација дека Собранието не може да се собере, ќе биде упатена кај претседателот кој потоа ќе постапи по барањето.

Собранието после одлуката за самораспуштање, не може да се собере, но и фактот дека повеќе лица да се соберат поради препораките“, рече Џафери.