Џафери: Ние не сме против Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека Северна Македонија не сме против Србија.

„Не сме ние против Србија, ни како држава, ни како институции, ни како народ ако сакате. Меѓутоа мора сега внимателно да се земат сигналите. Таа сака и преговара да влезе во ЕУ, Европската Унија има отворен став за руската агресија а воедно ги воведе и санкциите. Србија не го следеше тој пат затоа треба да бидеме внимателни, се разбира не да ги прекинеме односите, но да бидеме внимателни. Значи уште еднаш, ние не сме против Србија туку сме против одликите на властите кои не ги следеа насоките на ЕУ“, вели Џафери.

Џафери додаде дека доколку пак Србија преземе активности слични на руските тогаш самата секако дека ќе се соочи со санкции.