Џафери: Отворен Балкан треба да се преиспита

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 порача дека иницијативата „Отворен Балкан“ треба да се преиспита.

„Трите земји членки и иницијатори на иницијативата Отворен Балкан треба да ја преиспитаат оваа иницијатива. Со последните изјави од страна на српските лидери, по новонастаната ситуација со руската агресија можам да кажам дека ситуацијата е промената. Тоа не е истиот оној човек со кој се разговараше и се создаваше иницијативата“, посочи Џафери.