Џафери: Собранието нема да се состане, вонредна состојба ќе прогласи претседателот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во изјава за МИА рече дека Собранието нема да се состанува и да одлучува по одлуката на Владата да се прогласи вонредна состојба поради справување со коронавирусот, додавајќи дека вонредна состојба ќе прогласи претседателот Стево Пендаровски.

Ако Собранието не може да се состане, одлука носи претседателот, и потоа му ја поднесува на Собранието.

Во време на вонредна или воена состојба, Владата во согласнот со Уставот и со закон, донесува уредби со законска сила. Овластувањето на Владата да носи уредби со законска сила трае до завршувањето на вонредната или воената состојба.