Претседавачот со конститутивната седница на Собранието и поранешен претседател на Парламентот, Талат Џафери на својот Фејсбук профил објави убава вест дека станал дедо.
Имено, неговата ќерка Бесиана на свет го донела внукот, Фрашер.
Меѓу првите кои му честитаа е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Честитки Талат Да е жив и здрав внукот со целото семејство. Децата и внуците се најголемата вредност во животот на секој човек. Да бидете радосни цело семејство“, стои на честитката од Заев.
