Џафери: Утре ќе сведочам за „27-ми април“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието Талат Џафери во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека утре ќе сведочи за предметот „27-ми април“.

„Како и секој граѓанин во оваа држава, подлежам под законска обврска на повик на соодветен надлежен орган да се појавите пред него како и секој, и јас ја извршувам обврската да се појавам пред надлежниот орган кој соодветно има доставено покана до мене и нема причина да биде поинаку“, истакна Џафери.