-Се наоѓаме во Топанско Поле во Чаир. Пред мене гледате објект кој личи на џамија, но како таков се уште не е пуштен во употреба. Оваа џамија беше предвидено да биде изградено во отомански стил и да биде доволна за потребите на 1500 муслимански верници. Меѓутоа, од 2017 кога беше поставен камен темелникот, до денес поминаа 7 години а објектот се уште е во ваква состојба-вели репортерот на ТВ21, Зекирија Хаџиу.
Џамијата наречена Милост беше предвидено да се гради во стил на комплекс каде ќе има затворен паркинг, сала за конференции, фонтана кај административната зграда. Беше предвидено да се изгради во рок од две ипол години, но се уште не е завршена. Причините за одолговлекувањето на работите не ги знаат ниту жителите кои живеат во близина.
-Полека се работи. На секои три месеци, секои 6 месеци по малку. Каде е проблемот само Господ знае и тие кои се надлежни за ова.
-Во 2017 започна изградбата или?
-Да, во 2017, за овие 7 години цел Чаир се наполни со згради а џамијата остана неизградена. Што е само Господ знае и тие што треба да знаат.
Го прашавме градоначалникот на општина Чаир кој ни рече дека одговорна е ИВЗ.
-За работите, треба да се обратите до ИВЗ бидејќи знаете, Дијанети од Турција има договор со ИВЗ. Навистина во моментов не можам да ја потврдам причината зошто се запрени работите. Следниве денови може да добиеме точна и подетална потврда од ИВЗ овде во РСМ-вели Ганиу.
Контактиравме и со Исламската верска заедница. Преку телефонскиот повик само не известија дека не се одговорни за изградбата на џамијата, туку дека муфтии управуваат со џамиите. После тоа телефонски го прашавме скопскиот муфтија Ќенан Исмаили, но и тој се огради од одговорност, велејќи дека во времето кога била пуштена во употреба џамијата, тој не бил на оваа позиција. За нејзината изградба ни рече дека е одговорна Фондацијата за верски прашања во рамките на турската амбасада. Контактиравме и со нив, кои накратко ни рекоа дека „се работи на тоа“.