Според извори на ТВ21, на 22 јануари во Македонија доаѓа Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави (САД) за европски и евроазиски прашања.
Се очекува да престојува два дена во нашата држава, а главна тема ќе бидат политичките случувања.
При последната посета, О’Брајан упати сериозна критика кон ВМРО-ДПМНЕ во едно интервју, кога прашан за тврдењата на оваа партија дека може да издејствува нова преговарачка рамка и подобри услови за спорот со Бугарија, рече дека од оној кој вели дека има подобра понуда, а не ја открива, од него не би купил ниту автомобил.
Неофицијално, меѓународниот фактор инсистира на потпишување на „нон пејпер“ на албанските политички партии, дека не би коалицирале со партијата која нема јавно да изјави дека во првите 6 месеци од новиот мандат нема да ги направи уставните измени.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:
