Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон, оцени денеска дека акцискиот план на Г7 кој предвидува превенција на идните пандемии, е „историски“.
Декларација од Карбис, наречена по градот во англискиот регион Корнвол во кој се одржува самитот, содржи низа на обврзувачки ставки околу здравството, пренесува Гардијан.
Колективните чекори вклучуваат смалување на времето потребно за развој и лиценцирање на вакцините, третман и дијагностика за било која идна болест на помалку од 100 дена, истовреме со зајакнување на глобални мрежи за надзор.
„Според овој договор, водечките светски демократии ќе се обврзат да ја спречат глобалната пандемија никогаш повеќе да не се повтори, а и да се стави конечен крај на панемијата на ковид-19“, порача Џонсон.
