Џонсон го осуди убиството на украински цивили

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Британскиот премиер Борис Џонсон го осуди убиството на  украински цивили, по повлекувањето на руските војници од околината на Киев, јави ДПА.

„Нападите на Русија врз невините цивили во Ирпин и Буча се дополнителен доказ дека Путин и неговата војска вршат воени злосторства во Украина“, рече Џонсон.

Тој вети дека ќе стори се што е во негова моќ за да ја „огладне воената машина на Путин“.

Според него, Лондон ќе ги заостри санкциите против Москва и ќе ги зголеми испораките на оружје и хуманитарната помош за Украина.