Џорџија ја потврди победата на Бајден: „Бројките не лажат“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американската сојузна држава Џорџија, ја потврди победата на Џо Бајден на американските избори. Тие потврдија дека Бајден добил повеќе гласови од Трамп, и покрај тоа што Трамп ги оспоруваше гласовите во оваа држава.

Генералниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер истакна дека првичните резултати биле точни, и ја додели победата на Бајден.

„Бројките не лажат“, рече Рафенспергер. „Како секретар на државата, верувам дека броојките кои ги прикажавме денеска, се апсолутно точни“, додаде тој.

Тоа беше една од клучните победи на Бајден. Меѓутоа Трамп и натаму ја оспорува обедата на Бајден, и трврди дека во одредени држави се случило кражба на гласови.