Кичевската дијаспора за локалните избори во 2021 и натаму со барањето на овие избори во општина Кичево, кандидатот за градоначалник да биде од дијаспората. Претставници на разни невладини здруженија кои дејствуваат во дијаспората сметаат дека еден кандидат од општината ќе го унифицира албанскиот глас во оваа општина.
„Ние сметаме дека кандидатот од дијаспората ќе го обедини албанскиот глас во Кичево и ќе се избегне распарчување на албанското гласачко тело таму. Секако може да излезе со неколку кандидати со што се ризикува да се изгуби правото на управување на Кичево од страна на Албанците. Ние мислиме дека кандидатот од дијаспората ќе успее да ја мобилизира и сензибилизира кичевската дијаспора“, вели Хади Бајрами.
На новогодишната средба што се одржа меѓу градоначалникот на општината и претставници на дијаспората, ова го побараа отворено и рекоа дека доколку не се реализира барањето за кандидат за градоначалник, тогаш бараат еден советник да и припадне на дијаспората.
„Во однос на прашањето за еден советник во општината од дијаспората, значи ние како здружение сме во идната легислатива на општина Кичево да има еден претставник од дијаспората“, порача Ресуљ Мехмеди.
Последниве денови во јавноста се спомнуваат неколку имиња за можен кандидат од албанската дијаспора. Од таму велат за ТВ21 дека прифатиле да се произнесе само Меџит Селмани кој дејствува и работи во општина Гетеборг, Шведска,како шеф за образование за учениците странци во општината.
„За ова време колку што работам овде во Гетеборг, се стекнав со знаење и богато искуство од аспект на менаџирање на сложени процеси и носење сложени одлуки во разни процеси од општествениот развој на Гетеборг. Јас мислам дека ова искуство во комбинација со тамошното искуство и знаење и со таа надлежност што ја има општина Кичево, би ги воделе напред актуелните процеси но и новите процеси би оделе забрзано напред“, вели Меџит Селмани.
Локалните избори ќе се одржат во 2021. Пред една недела во врска со ова прашање, ТВ21 контактираше и со албанските опозициски партии во оваа општина од каде што рекоа дека ќе излезат со свој заеднички кандидат на опозицијата но без да откријат име за тоа кој би можел да биде тој кандидат.