ДИК: Арсовска во предност пред Шилегов, но бројот на обработени податоци е мал

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ДИК Александар Даштевски соопшти дека во моментов во ДИК се добиени резултати од 47%.

Од малиот процент на обработени формации од 17,6% за Град Скопје, во водство е Данела Арсовска пред Петре Шилегов.

„Шилегов 32.26%, Арсовска 38,15%, но процентот на обработени податоци е мал“, рече Даштевски.

Даштевски кажа дека во 21:55 часот е последното завршено гласање на едно избирачко место, односно дека било продолжено за два часа и 55 минути поради прекин во текот на гласањето.