ДИК до утре треба да ги добие потврдените листи на кандидати за градоначалници и советници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Течат последните рокови за локалните избори ,утре е поеследен ден во кој општинските изборни комисии ,треба да ги достават до државната изборна комисија потврдените листи на кандидати за градоначалници и советници за претстојните локални избори.

ОИК ги доставува листите на кандидат/и до ДИК поради утврдување на редоследот во единствената листа на кандидат/и. Листата на кандидатот за градоначалник, односно листата на кандидати за членови на совет, кои се поднесени од ист подносител добиваат ист реден број во сите општини и во Град Скопје. Редоследот на кандидати во листата на кандидати, ДИК го утврдува со жрепка и тој број е ист во сите општини и Град Скопје. Во општината, односно Град Скопје каде нема да има свој претставник, соодветниот број на подносителот на листата ќе биде изоставен и на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител без оставање на празно место. Листите на кандидат/и предложени од коалиција предводена од една иста политичка партија, без разлика на бројот на политичките партии во коалицијата во различни општини, односно Град Скопје, имаат ист реден број.

Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и ДИК ќе се одржи најдоцна на 23 септември.