ДИК: Излезноста до 9:30 часот е 3,28%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според официјалната страница на Државната изборна комисија, која ја следи изленоста на гласачите во живо, излезноста во првите два часа од изборниот процес, односно до 9:30 часот е 3,28%, соопштија од ДИК.

Односно од вкупниот број на избирачи гласале 23.468 гласачи.

Новинарите на ТВ21 од утрово на терен јавуваат дека на повеќе места има проблеми со изборниот процес, а главно се однесува на апаратите за фингерпринт кои за првпат се употребуваат во изборен процес.