Димитриевски: На изборите треба да има отворени листи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово на гостувањето во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека на изборите треба да има отворени листи.

Димитриевски смета дека во тој случај им се даваат еднакви можности на сите, а на гласачите им се дава избор да ја дадат поддршката за оној кој сметаат дека е најдобар според нив.

„Апсолутно сметам дека треба да има отворени листи, не само за советници, туку и во државата, затоа што се застапува вистинската волја на граѓанинот. Политичките субјекти даваат кандидати каде што често најквалиттните се ставаат на недобитните позиции, а на добитните позиции се ставаат партиските или таканаречените зицер играчи.

Со отворените листи се даваат еднакви можности за сите, а граѓаните даваат поддршка за најквалитетните за кои сметаат дека го заслужуваат гласот“, рече Димитриевски.