Димитриевски со став по повод вработувањата во општината: Изјаснувањето по национална припадност е лично право на апликантот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во изјава за ТВ21 го истакна својот став за вработувањата во општината.

„Општина Куманово, има објавено јавен оглас за вработување на административни службеници, кој е согласно План за вработување донесен од страна на Совет на Општина Куманово во август 2022 година. Согласно законски предвидениот балансер, предвидено е вработувањата да се реализираат според национална правичност, каде има предвидено да се вработат кандидати по националната структура, каде за одреден број службеници предвидено е да се вработат лица кои се припадници и на албанската заедница. Кандидатите се пријавуваат со пополнување на апликација која самите лично ја пополнуваат а исто така и од која националност се“, вели Димитриевски.

Тој додава дека изјаснувањето по национална припаднос е лично право на апликантот.

„По пријавување на кандидатите следува проверка на документите од страна на Комисија за административна селекција, каде се прави провека на документите дали кандидатите се соодветни за пријавеното работно место на огласот. Сите кандидати кои одговраат на условите барани на огласот, имаат тестирање и тие што ќе го положат испитот, одат на интервју за вработување. Агенција за администрација на РСМ ги доставува до општината најдобро рангираните кандидат како предлог за избор, по што се донесува Одлука за конечен избор т.е се потврдуваат веќе предложените кандидати од стра на нанадлежната институција. Општината постапувала и ќе продолжи да постапува согласно позитивните законски прописи при вработување на нови кадри, нашиот приоритет е да имаме високопрофесионални кадри при тоа не делејќи ги по национална или етничка припадност, ниту пак навлегуваме во личниот избор на кандидатите за нивната национална, верска или било која друга припадност бидејќи тоа е лично и со устав гарантирано право. Целата постапка се води од страна на Агенција за администрација преку мешовита комисија која доставува до директорот на агенција за администрација само по еден кандидат најдобро рангиран кој ги исполнува сите услови со најголем број на бодови по позиција за која е пријавен, директорот со допис ги доставува до општината најдобро рангираните кандидати до секретарот на општината кој што нема право на друг избор освен веќе предложените кандидати“, вели Димитриевски за ТВ21.