Димитриевски: Убедливо водам во Куманово!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кандидатот за градоначалник на Куманово од ЗНАМ со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Максим Димитриевски вечерва се пофали дека убедливо води на локалните избори.

„Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите кои излегоа и го дадоа својот глас. Според 80% од обработени податоци во нашиот аналитички центар, јас како кандидат водам убедливо во однос на сите 6 кандидати. Колку вкупно гласови имаат кандидатите, толку јас како кандидат на ЗНАМ со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ имам гласови“, порача Димитриевски.