Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во „Клик Плус“ на ТВ21 порача дека специјалниот претставник на земјава Владо Бучковски е лош избор.
„Државата има институции кои што ги плаќа, министер за надворешни работи, амбасадор, квалитетни решенија и тоа е нивната работа. Сметам дека нема потреба од олеснувач, особено не од олеснувач кој зад себе влече некои дебели кредити“, истакна Димитриевски.
Тој посочи дека стои на својот став дека ова е едно лошо решение.
