Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска-Кочоска за ТВ21 ги истакна првите импресии по затворањето на гласачките места во 19:00 часот.
Димитриеска-Кочоска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ според првичните резултати секаде има предност.
„Имавме еден мирен изборен ден на кој граѓаните мирно ја изразија својата воља. Овие избори очекуваме иста излезност на минатите локални избори. Навистина сме горди на секој еден граѓанин кој јасно и гласно излезе и гласаше.
Мирни избори, иако СДСМ проба да направи заматување на целиот изборен процес. Логично е нивното однесување затоа што ова за нив ќе биде најголемиот историски пораз и Филипче ќе сака да си ја задржи својата фотеља.
Според првите информации на неколку гласачки места во Струмица, разликата е 2:1. Се што е стигнато до сега убедливо води ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од јасно е дека Владата и кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ значат многу за граѓаните и препознаваат нешто за нас“, изјави Димитриеска-Кочоска.