Министерот за надворешни работи Никола Димитров на својот Фејсбук профил истакна дека Македонија по 15 години во чекалната како кандидат и по разочарувањата во јуни 2018, јуни 2019 и октомври 2019 година, конечно го поминува прагот и ќе може да ја започне следната заслужена фаза од својот европски пат.
Тој додава дека Македонија конечно и безусловно ги започнува преговорите за членство во Европската Унија!
