Претставникот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров во емисијата Бизнис21 на ТВ21 порача дека не треба да се измислува топла вода во однос на минималната плата.
„Во однос на минималната плата не треба да измислуваме топла вода, доволно е да ја применуваме европската директива која е донесена со 4-годишни расправи меѓу европските синдикати и работодавачи и која вели дека треба да се движи околу 50% од просечната плата“, вели Димитров.
Тој додава дека во Македонија е уште поголем овој процент, односно 57 од просечна плата што е највисоко во Европа.