Димитров: Предлогот за продолжено вето лошо звучи, дел од прашањата што ги отвора Бугарија се нерешливи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров вечерва во дебатниот магазин „ClickPlus“ на ТВ21 посочи дека предлогот за продолжено вето лошо звучел.

„Лошо звучи вака, како го нарековте пролонгирано вето или развлечено вето. Тоа значи дека процесот што сакаме да го почнеме што мора да значи европеизација, чекаме 17 долги години конечно да го почнеме тој процес, ќе биде постојано на секоја кривина, на секој чекор под закана од Софија“, вели Димитров.

Тој додава дека е помудро сега да го обезбедиме тој процес да европеизира, и да обезбедиме дека ќе најдеме достоинствено и европско решение за прашањата што се решливи.

Според него, дел од прашањата што ги отвора соседна Бугарија се нерешливи.

„Идентитетските на пр. се апсолутно и не пристојни, не европски и не решливи“, порача Димитров.