Димитров: Сите имаат одговорност што бизнис секторот е во лоша состојба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претставникот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров, оцени дека слабата состојба во која се наоѓа бизнис секторот е резултат на заедничка одговорност на сите општествени чинители – од работниците и работодавачите, до институциите што ги креираат економските политики.

„Одговорност имаат сите по малку, но не е еднаква. И работниците имаат одговорност – често не го почитуваат отказниот рок, земаат фиктивни боледувања, а и работодавачите не навреме преземале мерки за модернизација и купување нови машини“, изјави Димитров.

Тој нагласи дека најголемата одговорност сепак ја сносат оние што имаат политичка моќ и донесуваат закони кои директно влијаат врз стопанството.

„Најголемата одговорност е кај оние што креираат економски политики. Без доследно спроведување на законите, без борба против корупцијата и без поддршка за реалниот сектор, тешко дека ќе имаме здраво стопанство“, порача Димитров.