Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи во емисијата Бизнис21 на ТВ21 истакна дека во текстилната индустија кризата е поттикната поради намалена побарувачка.
„Во текстилотот се случува нагло намалување на побарувачката бидејќи наш главен трговски партнер е Германија и остатокот Европа. Со сите овие случувања со војната во Украина, со големите вложувања во самата воена индустрија, со секојдневно плашење на нивните граѓани дека еве само што не почнала војната, па дури да речеме се рекламираат фамилиарни скривници и така натаму. Сето тоа влијае кај оптимизмот на нивните граѓани да не купуваат текстил, бидејќи текстилот на еден начин во секоја криза е првиот што паѓа, бидејќи се смета на еден начин луксуз. Бидејќи сите имаме- Ако вака продолжи состојбата со со војната во Украина, и ако тоа не се сопре, најверојатно ќе има сè уште уште затворања“, вели Димитров.
Тој додава дека од 21 илјади текстилни работници во моментов, бројката може да падне на 10 илјади.