Вечерва во „Клик Плус“ имаме тројца соговорници. Со Гордан Георгиев, Илија Димовски и Газменд Ајдини дебатираме на различни теми, а првата е членството во ЕУ.
Според Димовски, Албанија што се одвои од Македонија не е важно, затоа што смета дека сите земји од Западен Балкан заедно ќе влезат во ЕУ.
„Членството на Албанија во ЕУ во 2030 нема да се случи. Да бидеме реални. Сметам дека членството на сите земји од Западен Балкан че се случи заедно. Треба да бидеме искрени дека во ЕУ нема расположение за проширување“, изјави Димовски.
