Димовски: Изборниот систем со затворени листи не би требало да дозволува трансфер на пратеници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека изборниот систем со затворени листи не би требало да дозволува трансфер на пратеници.

„Мислам дека изборниот систем кој го имаме ние со затворени листи не би требало да дозволува трансфери на пратеници, мислам дека тоа е штетно“, порача Димовски.

Инаку, претходно во „Клик Плус“, првиот човек на Беса, Биљал Касами посочи дека наскоро пратеници од опозицијата ќе се приклучат на парламентарното мнозинство во Собранието.