Динамо Загреб го избрка стручниот штаб

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Освен шефот на стручниот штаб Ненад Бјелица, останатите добија откази од Динамо Загреб. Причината наводно била тоа што не прифатиле намалување на платите кои ги предложија од клубот, пренесуваат хрватските медиуми.

Пред неколку дена на играчите и на стручниот штаб им беше предложено намалување на примањата за 50%. Меѓутоа играчите и стручниот штаб тоа го одбиле, а прифатиле само играчите од вториот тим, тренерите во младинските категории и речиси целата администрација.

Затоа веднаш беше повлeчен радикален потег. Беа избркани сите помошници на Бјелица. Навивачите ова го окарактеризираа како повод Бјелица сам да си замине без обесштетување, поради финансискиот товар кој што следува во речиси сите фудбалски клубови во кои се кратат плати.