Делегациите на САД и Украина ќе се сретнат во вторник во Саудиска Арабија за да разговараат за она што Вашингтон го нарекува првичен прекин на огнот со Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека следната недела ќе отпатува за Саудиска Арабија, но лично нема да учествува во преговорите – таа задача ќе ја преземат дипломати. Зеленски изрази надеж дека средбата ќе биде „значајна“ и нагласи дека Киев работи на постигнување „брз и траен мир“.
Овие разговори доаѓаат откако Доналд Трамп одржа директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин и го прекина споделувањето разузнавачки информации и воената помош за Украина. Трамп смета дека Саудиска Арабија е најдобро позиционирана да ги доведе Русија и Украина на преговарачка маса. Тој синоќа пред новинарите изјави дека двете страни сакаат договор бидејќи немаат друг избор.
