Актуелен директор на државна институција вечерва е лишен од слобода под сомнение за примање поткуп, во акција на службите за борба против организиран криминал при Бирото за јавна безбедност.
Според неофицијални информации, станува збор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, кој наводно бил фатен при барање и примање поткуп од околу 50.000 евра. Тој ја извршува функцијата директор од јули 2024 година.
Од ОЈО-ГОКК ја потврдуваат акцијата и велат дека по завршување на акцијата ќе излезат со детали.
„Под координација на јавен обвинител на ОЈО ГОКК во тек е акција на МВР поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа“, велат од ОЈО.
