Д-р Виктор Камнар, директор на Клиниката за ортопедија поднесе оставка од функцијата, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК. потпирајќи се на негова изјава.
„Се повлекувам од директор, останувам да работам на Клиниката и останувам да предавам на Медицинскиот факултет“, вели Камнар кој утрово ги инфомирал колегите за овој потег.
Клиниката за ортопедија е дел од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Директор на ТОАРИЛУЦ од почетокот на месецов е д-р Александар Трајановски, специјалист ортопед од истата клиника. Претходно директор на ТОАРИЛУЦ беше Илир Хасани, кој стана заменик министер за здравство.
Камнар беше директор на Клиниката за ортопедија нешто повеќе од три години.
