Директорот на Водовод во Бор поднесе оставка поради убиството на малата Данка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Бор, Александар Милекиќ на прес-конференцијата во врска со убиството на Данка Илиќ рече дека директорот на „Водовод“ во Бор поднел оставка од морални причини.

„Директорот поднесе оставка од морални причини, бидејќи сето ова не може да го поднесе. А тоа сега е помалку важно. Важно е сите ние како општество во овој момент да сфатиме дека можеби сме се оддалечиле еден од друг и од луѓето во вакви тешки ситуации, за жал, кои завршија лошо и за малaта Данка и за сите нас“, рече Милекиќ.

Прогласи и тридневна жалост, како што наведе, кога ќе дојде време.