Премиерот Христијан Мицкоски ги потврди информациите на ТВ21 дека лиценцата за работа на дискотеката била фалсификат. Мицкоски ја покажа лиценцата и вели дека тој фалсификат е за кабаре издадена на 13 март 2024 година.
-Имате ли сознанија кој ја издал таа фалсификувана лиценца, дали Министерството за економија…
„Да, Министерството за економија, потпишана е од тогашниот државен секретар Размена Чекиќ Дуровиќ“.
Мицкоски и во овој случај најави робусна акција на сите дискотеки и локали кои одржуваат забави, а рече и дека ќе одговара секој кој што на било кој начин е вмешан во случајот. На прашањето дали тој чувствува одговорност, Мицкоски рече дека прво ќе се справи со корумпираниот систем па потоа народот ќе одлучел.
„Дали треба да чувствува човек морална одговорност, Да, сите ние треба да чувствуваме морална одговорност. Дали само јас треба да чувствувам, ако е тоа потребно ете и тоа го прифаќам целата морална одговорност на мене нека биде, но прво ќе го поразам овој систем, односно ќе биде како што треба, односно сето ова кое што денеска го започнуваме ќе вроди со плод а потоа нема поголем суд од судот на народот на избори“, вели Мицкоски.
Мицкоски сепак одговорност не најде и кај директорот на Државниот пазарен инспекторат кој не извршил контрола за лиценцата ниту пак за градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов кој дозволил да работи дискотеката без потребните основни услови.