Првиот круг од локалните избори помина генерално успешно, но сепак имаше и прекини или ненавремено почнување на гласањето заради проблеми со опремата. Се создадоа долги редици гласачи и чекања во услови на ковид пандемија поради тоа што апаратите не ги препознаваа податоците. 90% од проблемите биле поради тоа што членовите не знаеле како да управуваат – вели Даштевски.
„Гласањето не почна на време поради пороблеми со опремата. Гласањето почна во 8.17 минути додека не добивме напатствија гласањето да продолжи по старо се додека не се оправи опремата. Опремата профункционра во 10 часот кога продолживме по новиот начин на гласање. -Зошто не функционираше каде беше проблемот? Проблемот беше во принтерот. -Друг немате да го замените. – Ние ја контактиравме општинската изборна комисија и тие превземаа што беше потребно“, истакна Јован Јоновски.
Што ќе преземе ДИК за вториот круг од гласањето да се одвива непречено? Одговорите ги побаравме од Претседателот Александар Даштевски кој најавива нов акциски план за спроведување на гласањето со отпечаток на прст. 400 технички лица како и во првиот круг ќе се погрижат гласањето да се одвива без технички проблеми со апаратот за гласање, фингерпринтот.
„Овие резервни уреди кои беа во општинската изборна комисија сега ќе бидат заедно со техничкото лице кое ќе биде на лице место да им помага на избирачките одбори и доколку некој не функционира веднаш ќе се замени со друг, а ќе им помага во текот на денот доколку нешто се закочи“, вели Александар Даштевски.
Тој ги појасува и работите кои не биле јасни во првиот круг и за кои се губеле по 10 до 15 минути за време на гласањето.
„Двапати со десниот показалец, двапати со левиот и ако не се успее ќе се помине на оставање на личната карта или патната исправа во МРЗ скенерот и веднаш ќе го препознае гласачот. Или тетатат варијанта со матичниот број, бидејќи лицето 100% е во уредот бидејќи е внесен целиот избирачки список меѓутоа треба да се најде најсоодветниот начин како ќе се идентификува и да не го препознае со отпечток со прст ќе го препознае со личната карта“, додава Александар Даштевски.
Денеска до општинските изборни комисии беше дистриуиран и гласачкиот материјал од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола.
Министерството за внатрешни работи известува дека и во сабота и недела управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање во втор круг со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да ги подигнат личните карти.
