Реки полни со отпад и пластични шишиња е реалната слика во Македонија. Обилните врнежи од дожд ја вадат на виделина сета негрижа на граѓаните кон природата. Диви депонии долж реките, корита полни со различен отпад, и сето ова поради отсуството на контрола и санкционирање на несовесното фрлање на комуналниот отпад. Голема количина од пластиката која завршува во водите, предизвикува контаминација на подземните води, а потоа истата вода се употребува за наводнување на земјоделските производи.
„Стварно сме во една многу лоша состојба и дека сите треба да бидеме вклучени како ѓраѓани и институции, иако не е наше ѓубре. Алармантна е состојбата, и да не бидеме вклучени институциите посебно институциите само за време на избори, затоа што две и пол години од кога постои Не биди ѓубре, апелираме дека четири години секоја локална власт треба да биде свесна дека чистотата зависи и од нив, не само од нас.“, вели Елена Митревска од „Не биди ѓубре“.
Неконтролираното исфрлање на цврстиот отпад на крајбрежјата на реките и езерата е еден од најсериозните проблеми за нивното загадување. Отпадот наместо да биде соодветно собран, класифициран и обработен, целосно ги загадува водите.
„Во 2019 година пред ковидот имавме акција, каде што чистевме еден мал дел од коритото на реката Вардар од каде што извлековме над педесет гуми, редовно чистиме покрај кејот, полигонот покрај Вардар, меѓутоа нашето исчистено трае само една недела или веќе од следниот ден обавезно поминуваме да провериме што сме оставиле и каква е состојбата после чистење. За жал не се внимава воопшто.“, рече Митревски.
Во 2010 година, ОН го признаа “правото на безбедна и чиста вода за пиење и санитација“ како човеково право што е од суштинско значење за целосно уживање во животот и сите човекови права. Човековото право на вода им дава право на сите, без дискриминација, да имаат доволна, безбедна, прифатлива, физички пристапна и достапна вода за лична и за домашна употреба.
