Диви катови во Кичево – ТВ21 обезбеди документи кои докажуваат дека надмината е висината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ТВ21 обезбеди документација која докажува дека две згради и една куќа во Кичево ја надминале дозволената висина при што не ја почитувале добиента дозвола за градба.

Објектот на лицето кое обвини за дезинформирање, има градежна дозвола за пет катови, како што и може да се види од добиената дозвола, а и од надвор јасно се гледа дека објектот има 7.5 ката, што значи 2.5 ката се изградени без дозвола.

„Одобрението за градење се издава за изградба на станбена зграда – II етапа на градење ( ламела 1) со катност По+Пр+05 ката

Во оваа зграда што ја гледате дозволата е добиена за изградба на 5 катна зграда, но сопственикот изградил уште 4 дополнителни катови.

„Одобрението за градење се издава за изградба на станбена зграда со катност По+Пр+04Ката+Пк

А кај овој објект, каде што станува збор за станбена куќа, градежната дозвола била за 2 катови, а изградени се уште 2 други катови.

„Одобрението за градење се издава за изградба на станбена куќа (А1) со катност од По+П+2+Пк.

Сопственикот на зградата одби да зборува пред камера.

Според Општинскиот градежен инспекторат, против тројцата сопственици на објектите се поднесени кривични пријави за бесправно градење по член 244 и за работа на затворено градилиште по член 389 од Кривичниот законик. Постапката е во тек во МВР и во судот.