Главниот град на Италија Рим одамна е познат по тоа што има блиски врски со животни.
Меѓутоа во последните денови Рим се соочува со наезда на диви свињи.
Тие се на секој чекор во Рим – во парковите, на улици, булевари, околу училиштата. За римјаните тоа е веќе вообачена слика, а дури станаа и политичко прашање пред локалните избори.
„Каква слика за Рим праќаме со дивите свињи, кои се шетаат по паркови“, рече еден од жителите.
