Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ.
Дизелот поскапува за 3,5 денари, и од утре ќе се продава по цена од 95,5 денари по литар.
Цената на бензините останува непроменета. ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 86,5 денари, додека на ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по цена од 88,5 денари.
Поскапува и екстралесното масло за домаќинство за 2,5 денари и ќе се продава по 92 денари. Цената на мазутот се зголемува за 0,2 денари и ќе изнесува 47,6 денари.
Владата вчера донесе мерки, и се реши да го намали ДДВ-то од 18 на 10%.
