Овен
Ако имате некоја дилема, пуштете да пројде одредено време пред да донесете одлука која не се однесува само на вас.
Љубов: Поработете на комуникацијата ако сакате да го сочувате бракот/врската.
Работа: Имате дилеми, поразговарајте со некој.
Здравје: Проблеми со варењето на храната. Внимавајте што јадете.
Бик
Ве очекува прилика да остварите големи промени и тоа ви претставува задоволство. Само одете напред и не се вртете назад.
Љубов: Многу добар период за љубов.
Работа: Немојте да бидете брзи денеска.
Здравје: Стабилно.
Близнаци
Мали компликации кои ќе ве следат денеска, не се ништо страшно, ниту сериозно, затоа останете смирени.
Љубов: Време е да направите прв чекор кон личноста која ви се допаѓа.
Работа: Согледајте ја целокупната ситуација на крајот од денот, за утре да не ги правите истите грешки.
Здравје: Проблеми со грлото.
Рак
Некој ве набљудува и ги оценува вашите постапки, затоа потрудете се да дадете свој максимум што и да правите.
Љубов: Не сте посветени на партнерот.
Работа: Финансиите сега ви се подобри, може да очекувате и некоја исплата.
Здравје: Проблеми со воспаленија.
Лав
Не е добар ден и затоа немојте да очекувате премногу. Тешко ви паѓа и работа и се што е врзано надвор од домот.
Љубов: Со своите грешки трајно сте го упропастиле односот.
Работа: Само одработете ги работите на време, не одложувајте ништо за утре.
Здравје: Водете сметка околу исхраната.
Девица
Постои можност некој да ви побара мала услуга, поради тоа нема да ви биде право. Денеска не сте расположени на било кој да му излезете во пресрет.
Љубов: Малите работи во животот повеќе значат од поголемите, но сега очекувате партнерот да направи чекор.
Работа: Денеска би било најдобро ако излезете на кратка прошетка да ги средите мислите.
Здравје: Невроза.
Вага
Премногу сте несигурни. Наскоро може да почувствувате здодевност, а ќе нема кој да ве расположи.
Љубов: Чувствувате носталгија. Можеби не е во прашање конкретна личност, туку време кое засекогаш поминало.
Љубов: Запознавање преку работа со личност која може да ви помогне околу работите кои ве мачат.
Здравје: Внимавајте на исхраната.
Шкорпија
Некои стресни ситуации од претходниот период не би требало денеска да имаат влијание на вас. Едноставно продолжете понатаму.
Љубов: Интересна прилика е пред вас, но сега се двоумите и сте многу несигурни, иако тоа не го покажувате.
Работа: Завршете ги работите кои сте ги почнале и уживајте во остатокот на денот онака како што најмногу ви одговара.
Здравје: Внесувајте повеќе течности.
Стрелец
Деновите зад вас беа некако забрзани, а сега е време малку да го забавите темпото и да одморите од се.
Љубов: Преиспитајте ги своите чувства.
Работа: Ако веќе долго време се потпирате на некои работи кои ви се намтнуваат, денеска е ден кога некој може сериозно да ви замери.
Здравје: Проблеми со грлото.
Јарец
Ако се чувствувате преморени, а имате желба за одмор, побарајте помош од блиски лица.
Љубов: Време е да се свртите кон иднината, а минатото да го оставите зад себе.
Работа: Избегнувајте конфликти и несакани вербални расправии.
Здравје: Намалете со алкохолот.
Водолија
Активностите во кои денеска учествувате, може многу да ве заморат и да ви ја одземат енергијата. Издржете, потоа следуваат мирни денови.
Љубов: Се може да биде така едноставно, само да не се лажете себе, а потоа и другите.
Работа: Потребно ви е малку да одморите од работа.
Здравје: Болки во зглобовите.
Риби
Ако нешто веќе сте испланирале, не трошете пари на ситници кои не ви се потребни. Воздржете се и спроведете го планот до крај.
Љубов: Потребно е да пружите еден на друг безрезевна поддршка.
Работа: Потрудете се да направите се да оди во ваша корист. Некогаш и замижете ако треба.
Здравје: Не се предавајте.
