ОВЕН
Работа: Пред вас се мали компликации кога е во прашање ова поле, но низ малку труд ќе успеете се да решите.
Љубов: Осамени сте и не се чувствувате добро поради тоа. Ви доаѓа ден во кој ќе посакате нови познанства.
Здравје: Главоболка.
БИК
Работа: Загрижени сте поради ситуацијата која ја имате на работа, и понекогаш ви се чини дека нема да успеете да ги решите сите проблеми.
Љубов: Доколку ви се допаѓа личност која ја среќавате на работа, ќе имате некои компликации во тој однос.
Здравје: Несоница.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Немојте да очекувате дека денеска ќе остварите големи промени на полето работа. Судбината сега не е на ваша страна.
Љубов: Ве очекува период во кој односот со саканата личност ќе биде полн со осцилации.
Здравје: Ќе ви годи масажа.
РАК
Работа: Ве очекува поволен ден кога е во прашање работата. Имате можност да остварите важни поместувања.
Љубов: Многу сте посветени на саканата личност и од неа очекувате исто. Пред вас е поволен период.
Здравје: Внимавајте на кичмата.
ЛАВ
Работа: Немојте да се занимавате претерано со важни работи денеска, затоа што може да правите грешки.
Љубов: Некое време сте уживале во необврзувачки средби, но сега сте решиле љубовната авантура да ја завршите.
Здравје: Контролирајте го холестеролот.
ДЕВИЦА
Работа: Очекувајте дека на ова поле ќе имате мали компликации во текот на денешниот ден.
Љубов: Доколку имате проблем во комуникацијата со саканата личност, пробајте да најдете компромис.
Здравје: Водете сметка околу бубрезите.
ВАГА
Работа: Не е поволен ден кога е во прашање работата. Можно е да имате некоја штета или губиток денеска.
Љубов: Ви делува дека со саканата личност нема да успеете да ги решите сите проблеми кои се насобрале.
Здравје: Уринарниот тракт е чувствителен.
ШКОРПИЈА
Работа: Бројните обврски ви претставуваат големо оптоварување. Имате потреба да ги менувате работите.
Љубов: Настапува малку тежок период кога е во прашање вашиот однос со личноста која ви значи.
Здравје: Пад на имунитетот.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ве очекува фаза во која ќе имате мали несогласувања во работното опкружување. Вашата дилема делува како реална.
Љубов: Недовербата која се појавила меѓу вас и партнерот, би можела да земе свој данок.
Здравје: Водете сметка околу кардиоваскуларниот систем.
ЈАРЕЦ
Работа: Доколку се занимавате со приватна работа, полека може да се подготвувате за некои големи промени.
Љубов: Доста работи ве загрижуваат кога е во прашање односот со саканата личност. Имате впечаток дека нешто ви се премолчува.
Здравје: Водете сметка околу исхраната.
ВОДОЛИЈА
Работа: Подгответе се за мали компликации на ова поле. Понекогаш ви се случува да губите фокус и концентрација.
Љубов: Вашиот однос со саканата личност би можел да стане проблематичен во следниот период.
Здравје: Избегнувајте цигари.
РИБИ
Работа: Ако претерате со своите очекувања, одредени разочарувања на ова поле се неминовни.
Љубов: Размислувате за љубовни промени кои планирате да ги почнете во следниот период.
Здравје: Сменете го режимот на исхрана.
