Овен
Кога никој не знае како понатаму, вам ви се јавува спасоносна идеја. За да ја сочувате хармонијата, без која не функционирате, во ситуацијата сте да дадете се од себе за да ги премостите проблемите. Бидете рационални, не ги преценувајте своите способности.
Бик
Променливо ви е расположението, и наклонети сте кон нервоза, особено во односот со домашните. Внимавајте какви обврски прифаќате, затоа што не сте во ситуација да ги испочитувате сите договори. Не играјте на се или ништо, во клучен момент ќе бидете дисквалификувани.
Близнаци
Ве притискаат рокови. Вашите квалитети доаѓаат во прашање затоа што сте бавни. Брзањето ви прави тензија, особено кога е во прашање обнова на нешто, што е по ваше мислење многу важно. Не подлегнувајте на атмосферата, држете се до свое темпо и денот ќе мине мирно.
Рак
Потпирајте се на ветувањата кои ви ги дале пријателите. Чекањето на исполнувањето може да ве доведе до ситуација да се правдате пред другите луѓе, иако застојот не се формирал кај вас. За да избегнете проблеми, завршувајте се лично и сами.
Лав
Вистински момент многу работи да ги поставите на свое место, особено доколку околу себе имате личности со кои имате нерасчистени односи. Вашиот авторитет е на врвот, она што денеска ќе го изговорите, другата страна ќе го разбере на најдобар можен начин.
Девица
Губите премногу време во обидите да соберете група на луѓе кои би се ангажирале околу заедничка цел. Проблемот не е во тоа што тие не сакаат да соработуваат со вас, туку пречката е во тоа што не гледаат сите на ист начин нешто што вам ви е кристално јасно.
Вага
Не прифаќајте нови обврски, затоа што е најдобро денот да го минете низ минимални работни активности. Наскоро ве очекува голем прилив на пари кои во голем дел ќе ги реши фианнсиските проблеми за кои немате долгорочно решение.
Шкорпија
Преполни сте со идеи кои ги кажувате на најблискит. Иако сте омилени во друштвото, станувате напорни затоа што премногу зборувате. Брзината со која се изразувате кон другите луѓе изгледа како да сте површни, па советот е помалку да зборувате.
Стрелец
Ве очекуваат добри вести околу значаен приход на пари, но потоа ви следуваат и трошоци. Ситуацијата околу финансиите се подобрува, а со тоа и вашето расположение, и тоа позитивно се одразува на љубовните односи.
Јарец
Безизлезната ситуација со партнерот се заканува да се претвори во сериозна караница. Вашата очекувања и она што го добивате не се синхронизирани. Пред да ги закомплицирате односите, размислите уште еднаш дали проблемот е доволно голем за да правите драма.
Водолија
Пред вас е дилема дали да прифатите дополнителни задолженија кои ви ветуваат добра заработувачка но и значајно зголемување на обемот на работа. Ако добро се организирате, новите обврски може да ви обезбедат голема исплативост.
Риби
Концентрацијата не ви е на завидно ниво. Воглавно размислувате за уживање со саканата личност и егзотични патувања. Со духот сте далеку од местата на одмор па би било пожелно на крајот од денот да се спуштите од облаци, во спротивно следува болно враќање во реалноста.
