Овен
Ја преувеличувате својата улога во се. Свесни сте за своите квалитети, па вашиот моментален занос ве наведува да поверувате дека сте безгрешни. Освен тоа нагласено сте романтични па ова е ден во кој можеби вашиот партнер најмногу ќе ужива.
Бик
Ова е важен ден за вас. Ви се отвора прилика да ги довршите своите започнати работи, а вечерта очекувајте вест во нешто што веќе одамна сте престанале да ја исчекувате. Брзо реагирајте, во спротивно нешто крупно би можело да ви избега.
Близнаци
За секој денар морате добро да се помачите. Потпрете се исклучиво на своите способности, работа, труд и откажување, и единствено само така ќе го остварите задовулувачки успех. Секоја пара која ќе ви дојде брзо, така и ќе си замине.
Рак
Ова е еден од оние денови кога ви се чини дека е најдобро да преспиете. Вистинската причина за таквото расположение лежи во фактот дека ве мачи голема неодлучност поради која не успевате да се определите и да донесете вистинска одлука со која би избегнале агонија.
Лав
Концетрацијата ви е денеска на високо ниво. Активност на полето на комуникацијата може да ви послужи за лични цели, а особено на љубовното поле. Внимавајте, веројатно не приметувате дека саканата личност пробува да ви соопшти нешто многу важно.
Девица
Случувањето на денот може да биде конструктивна расправа во која ве вовлекуваат соработниците за кои не сте знаеле дека се на ваша страна. Паралелно со тоа, стигнува и поддршка и од саканата личност, па на вашиот оптимизам и доброто расположение нема крај.
Вага
Ви доаѓа идеја да почнете некоја приватна работа. Затегнатите односи со шефовите и лошата атмосфера во опкружувањето може да издвои екипа со која самостоен бизнис е можен. Не заборавајте дека тамо каде што има интерес, љубовта спие.
Шкорпија
Околностите ве наведуваат да донесете одлука која не е од ваша природа. Подготвени сте на жртва, но во дното на душата чувствувате дека тоа е понижувачки за вас. Не земајте се на срце, ако е целта вашиот интерес, не е страшно некогаш да се покорите.
Стрелец
Доколку размислувате за позајмици, најдобро е да се откажете затоа што подоцна ќе се изненадите од неповолните детали кои не сте ги сфатиле на време. Најдобро е трошоците да ги сведете на минимум и да воведете штедење.
Јарец
Денот е одбележен со напната атмосфера која резултира со стресни ситуации од кои нема лесно да излезете. Сведете ја својата нетрпеливост на минимум за да избегнете поголеми неволји, особено кога се во прашање партнерските односи и љубов.
Водолија
Неконтролирано може да избувнете па извесна сериозна расправа со непознати лица на јавно место. Исто така можни се контакти со луѓето од другата страна на законите. За да избегнете евентуални непријатности, денот минете го со саканата личност.
Риби
Атмосферата укажуваат на можност да влезете во караница со блиските. Кризата во семејството може да потрае ако не се потрудите и не преземете конкретни чекори, па макар биле и непријатни по вас. Не заборавајте дека тие не ви се непријатели.
