Овен (21.3 – 20.4)
Тригон на Венера во куќата на парите со Сатурн во куќата на интуицијата ве води кон деловни потези кои ви обезбедуваат финансиска стабилност. Повеќе размислувате за остварување на некој голем цел. Вашиот социјален живот станува позанимлив.
Бик (21.4 – 21.5)
Аспектот на вашиот владетел Венера во седмата куќа и Сатурн во куќата на медиумите и парите носи успех во јавната или креативната дејност, исплатлив договор и важни контакти со странци. Месечината во куќата на кариерата ви носи поддршка од надредените.
Близнаци (22.5 – 21.6)
Венера во куќата на работата прави тригон со Сатурн во куќата на кариерата, носејќи ви финансиски и деловен успех, како и напредок во кариерата. Месечината вечер влегува во куќата на кариерата, носејќи расправии со авторитети и родители.
Рак (22.6 – 22.7)
Сатурн во куќата на образованието и контактите со странци прави тригон со Венера во куќата на креативноста, носејќи успех на испити, со правна документација, упис на факултет и стручни усовршувања.
Лав (23.7 – 22.8)
Тригон на Венера во куќата на приватноста и Сатурн во куќата на парите носи успех преку недвижности, самостојна дејност, делење имот, стипендии. Месечината во осмата куќа вечер упатува на неочекувани трошоци.
Девица (23.8 – 22.9)
Аспектот на Венера и Сатурн кој управува со вашите финанси и креативност носи успех преку јавна дејност или приватен бизнис. Месечината вечер влегува во Риби, носејќи расправии со емотивен или деловен партнер.
Вага (23.9 – 22.10)
Вашиот владетел Венера, која управува со вашите финанси во куќата на парите, прави тригон со Сатурн во куќата на работата, носејќи зголемување на заработката и напредок во кариерата. Успех и популарност преку јавна дејност, спорт или приватен бизнис.
Шкорпија (23.10 – 22.11)
Тригон на Венера во вашиот знак и Сатурн во куќата на креативноста и љубовта носи личен напредок и зголемување на приходот преку недвижности и деловни проекти кои подолго време биле „на чекање“. Успех во приватното претприемништво.
Стрелец (23.11 – 21.12)
Со Венера во куќата на креативноста во тригон со Сатурн во куќата на приватноста, парите ви доаѓаат преку недвижности и семеен бизнис. Месечината во 19:30 влегува во куќата на приватниот живот, носејќи кавги со жени во домот.
Јарец (22.12 – 20.1)
Владетелот на вашата кариера, Венера, во куќата на парите, прави тригон со Сатурн во куќата на бизнисот, носејќи поволни договори, исплатливи ангажмани и купување автомобил. Парите ви доаѓаат и преку неконвенционални начини на заработка и ИТ сектор.
Водолија (21.1 – 19.2)
Венера во куќата на кариерата прави тригон со вашиот владетел Сатурн во куќата на парите, носејќи финансиска моќ и успех на работа. Месечината во вашиот знак до 19:30 носи прилив на ентузијазам, енергија и креативни идеи.
Риби (20.2 – 20.3)
Венера во куќата на патувања и образовање прави тригон со Сатурн во вашиот знак, носејќи успех на испити, во странство, стручни усовршувања и судски спорови. Месечината вечер влегува во вашиот знак, носејќи прилив на енергија.
