ОВЕН
Работа: Доколку се занимавате со приватен бизнис, ве очекува контакт со медиумите и излегување во јавност. Оставате впечаток на личност на која може да се потпрат надредените.
Љубов: Брачниот партнер е љубоморен и прави непотребна сцена.
Здравје: Стабилно здравје.
БИК
Работа: Поволен ден за давање отказ и прифаќање на нова понуда.
Љубов: Ако сте слободни, заинтересирани сте за личност која е или далеку, или е зафатена.
Здравје: Дигестивниот систем е проблематичен.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Завршувате или соработка, или проект и се чувствувате исцрпено.
Љубов: Задоволни сте како емотивната врска се развива. Партнерот има многу разбирање за вас.
Здравје: Уморни сте и ви треба одмор.
РАК
Работа: Работната ситуација е стабилна. Имате многу обврски, но уживате во нивната реализација.
Љубов: Врската ја прекинувате без никакви шанси некогаш да ја обновите.
Здравје: Одлично здравје.
ЛАВ
Работа: Ве очекува разговор со надредената личност. Таа е задоволна од вашите резултати и има на ум нови задачи за вас.
Љубов: Влегувате во врска, и се чувствувате многу добро. Имате впечаток дека врската има голем потенцијал.
Здравје: Добро се чувствувате.
ДЕВИЦА
Работа: Доколку се занимавате со приватен бизнис, ве очекува зголемен обем на работа. Презадоволни сте од работна експанзија.
Љубов: Ве очекува ново познанство со самоуверена и отворена личност.
Здравје: Притисокот е нестабилен.
ВАГА
Работа: Не сте фокусирани на работата. Сонувате за некоја нова, подобра и креативна работа, додека моменталната не ве интересира.
Љубов: Ако сте слободни, нема најава за влегување во врска, поради што лошо се чувствувате.
Здравје: Наклонети сте кон инфекции, а имате проблеми и со бубрезите и главата.
ШКОРПИЈА
Работа: Во случај да се занимавате со приватен бизнис, многу сте загрижени поради застојот во оваа област.
Љубов: Бракот е во сериозна криза. Се соменвате дека брачниот партнер не ви е верен. Преку тоа не може да поминете.
Здравје: Избегнувајте цигари и алкохол.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Самоуверени сте, вредни и оптимистични. Работата се одвива многу подобро од што се очекувале. Уживате во работата и презадоволни сте од успехот.
Љубов: Емотивниот партнер е љубоморен и наклонет кон правење сцени.
Здравје: Чувствителни гениталии.
ЈАРЕЦ
Работа: Ве очекува нова понуда која ви делува ветувачка. Кога ја анализирате, сфаќате дека треба да ја одбиете.
Љубов: Ве очекуваат сериозни проблеми со емотивниот партнер. Неговата доверба е разнишана.
Здравје: Стабилно здравје.
ВОДОЛИЈА
Работа: На краткиот службен пат денеска заминувате максимално подготвени и постигнувате соработка.
Љубов: И покрај богатиот социјален живот, не успевате да запознаете личност која емотивно би ве заинтересирала.
Здравје: Солидно здравје.
РИБИ
Работа: Ве очекува краток службен пат на кој минувате брилијанто поради што се чувствувате семоќно.
Љубов: Ако сте во врска, размислувате на тема брак. Сакате партнерот да го поттикне тоа прашање, но тој тоа не го прави, па вие споменувате брак.
Здравје: Наклонетост кон инфекции.
