ОВЕН
Денот е одличен да преземете иницијатива и да покажете на другите за што сте способни. Сите ваши потфати ќе бидат успешни. Единствено што е потребно да ги раздвоите краткорочните од долгорочните планови за да не дојде до забуна.
БИК
Можно е да добиете добри вести околу членовите на вашата фамилија. Одличен ден за муабет со старите пријатели или обнова на старите врски. Фамилијарните Бикови добро ќе се проведат со саканите.
БЛИЗНАЦИ
Поволен ден за работа и комерцијални активности, веројатноста за професионален успех е многу висока. Нови методи, вклучувајќи и експериментални, се ефикасни. Меѓу вашите идеји има само добри и скоро брилијантни. Се појавуваат нови врски кои наскоро ќе се покажат корисни.
РАК
Добар ден за креативност. Ако вашите одлуки се пооригинални, голема е веројатноста дека ќе се покажат како исправни и правовремени. Лесно ќе најдете заеднички јазик со оние кои сакате да се сложувате.
ЛАВ
Овој ден ветува многу возбудливи средби. Лавовите денеска се посебно шармантни, па тоа предизвикува зголемен интерес на лицата од спротивниот пол. Познанствата многу лесно се склопуваат, но малу веројатно дека ќе добијат сериозно продолжение. Меѓутоа и ова е можно, само треба малку да се потрудите.
ДЕВИЦА
Денот не е поврзан со значајни случувања, но и натаму носи радост и оптимизам. Работите кои мора да ги работите се различни, така што нема да ви биде здодевно. Може малку да сонувате, и да се тргнете од вообичаениот начин на работа. Голем дел од експериментите ќе бидат успешни.
ВАГА
Денот е многу интересен. Вие сте иницијатот на конструктивни дискусии, ја користите секоја шанса да го изнесете своето гледиште. Се појавуваат нови сојузниси, благодарение на оние со кои е можно решавање на некои комплицирани работни прашања.
ШКОРПИЈА
Енергични сте и полни со сила, што придонесува за решавање на задачите кои се поставени пред вас. Може да ги промените односите со другите, така ќе стекнете повеќе почит и признавање на своите заслуги. Манифестацијата на иницијатива во работата е добродојдена, може да почнете да работите на заеднички проекти.
СТРЕЛЕЦ
Имате повеќе работи и грижи од обично, па многу е важно да бидете организирани и сериозни, и вистински да го користите времето. Пробајте да не ве понесе разговорот со колегите. Разговорите околу актуелните работи може да бидат возбудливи.
ЈАРЕЦ
Може успешно да ги остварите своите долгогодишни планови, дури и доколку некој на почетокот ви пречи. Сите состаноци и дискусии даваат плод. Подготвени сте да го аргументирате својот став, така што никој ќе нема замерки. Можно е да потпишете договори кои ќе ви овозможат да остварите значаен профит.
ВОДОЛИЈА
Мирни сте и резервирани. Ова е многу добро, затоа што денеска ве чекаат состаноци со емотивни лица, а вашата смиреност е онаа која ќе ви помогне не само да избегнувате конфликт, туку и да дојдете до компромис. Можеби почеток на заеднички активности кои ќе бидат многу плодни и многу ќе ве научат.
РИБИ
Повеќе сте преокупирани во туѓите работи отколку во своите, но и тоа не е лошо. Ќе биде прилика да помогнете другите или да дадете добар совет на личност која е во тешка ситуација. Денот е одличен за комуникација со влијателни лица, постои шанса да се пронајдат и партнери.
