ОВЕН
Работа: Нема да водите кампања, туку сериозно ќе пристапите на обврските. ЌЕ бидете наградени за вложениот труд.
Љубов: Ве привлекуваат образовани партнери. Не сакате да бидете со некои кои не вредат за вашето внимание.
Здравје: Без проблеми.
БИК
Работа: Мислите само на своите идеи и не сакате да ги поделите со соработниците. Со овој став ќе стекнете само непријатели.
Љубов: Имате среќа да запознаете личност која има што да понуди. Има добар стил и не сака да се оддалечи од вас.
Здравје: Психолошки проблеми.
БЛИЗНАЦИ
Работа: И натаму се предомислувате кога се поединечни работни можности во прашање. Но, немата проблем со финансиите, и сега тоа ви е најважно.
Љубов: Некој од вашето друштво може да ви биде симпатија. Не мора да се осамувате ако немате никого крај себе.
Здравје: Внимавајте на остри предмети.
РАК
Работа: Сакате да работите и да заработувате. Сакате да покажете што знаете, и отворено да соработувате со своите партнери.
Љубов: Ве привлекуваат партнери кои сакаат да бидат самостојни. Сакаат пари и сакаат да се отворат во емотивен сегмент.
Здравје: Немате на што да се пожалите денеска.
ЛАВ
Работа: Имате доволно причини да бидете среќни. Ви следува промена на статусот на подобро. Таков став ви носи повеќе финансии.
Љубов: На полето емоции може да очекувате изненадување. Ако сте машко, ви следува пријатно изненадување.
Здравје: Одлично здравје.
ДЕВИЦА
Работа: Кога е во прашање приватната работа, очекувајте многу ангажман. Кога е финансиската страна во прашање, бидете спокојни, ќе бидете во добра ситуација.
Љубов: Привлекувате проблематични партнери кои се под голем притисок.
Здравје: Проблеми со дигестивниот тракт.
ВАГА
Работа: Имате многу подобри шанси подоцна да заработите, затоа што во моментов ви е потреба поголема промена и поголема соработка со луѓе од кои зависи вашата прилика.
Љубов: Вашата емотивна страна е под стрес. Имате шанси да бидете задоволно, но под притисок сте поради случувања од порано.
Здравје: Добро здравје.
ШКОРПИЈА
Работа: Не морате да очајувате доколку во моментов не ви оди најдобро во финансиски поглед. Имате доволно пари за себе, но подоцна очекувајте подобра ситуација.
Љубов: Имате одличен емотивен живот, па искористете го.
Здравје: Зголемен крвен притисок.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Доколку сте чекале на промени на работното поле, ќе бидете задоволни. Ситуацијата ви доаѓа до пресврт.
Љубов: Пред вас е поволен ден за емоции. Очекувајте дека убаво ќе се сложувате со партнерот.
Здравје: Посетете забар.
ЈАРЕЦ
Работа: Ако видите дека некои работи нема да ви се исплатат, слободно исфрлете ги. Земете залет со оние кои веќе доволно добро сте ги разработиле.
Љубов: Денеска може да бидете конкретни во својот емотивен живот. Доколку ви се допаѓа еден Овен, може да добиете многу.
Здравје: Крвната слика не ви е лоша.
ВОДОЛИЈА
Работа: Кога е работната соработка во прашање со личноста која долго време е до вас, може да дојде до остри критики.
Љубов: Подготвени сте да ви се случи нова љубов, затоа што имате што да понудите на својот партнер.
Здравје: Солидно здравје.
РИБИ
Работа: Ќе бидете лошо расположени, затоа што некои случаи нема да се одвиваат онака како што сте размислиле.
Љубов: Имате доста интиутивен партнер и не морате да докажувате, кога се емоциите во прашање.
Здравје: Стопалата ви се слаба точка.
