Овен
Што и да започнете ќе заврши со хаос. За вас е најпаметно да ги избегнете сите ситуации во кои би го воделе главниот збор. Ако на својата работа користете автомобил, немојте да тргнувате никаде без да го проверите.
Бик
Проблемот за кој денеска сте дознале многу работи ќе смени. Решението е во вашите раце, треба да преземете иницијатива, да ја победите својата суета и да ги поставите работите на свое место. Додека се не дотерате до совршенство, ќе ви годи повеќе да се рекреирате.
Близнаци
Ве загрижува неповолна вест од странство. Немојте да скокате на „прва топка“, туку прифатете компромис затоа што ќе ви се исплати. Со саканата личност бидете трпеливи, и не инсистирајте на свои ставови, особено ако водите сериозен разговор.
Рак
Можеби не сте најдобро расположение за дружба и гужви, но морате да се подготвите за неповикани гости, а некои од нив стигнуваат од далеку. Вашиот недостаток на волја може брзо да исчезне кога ќе ве окупира добра енергија од вашите пријатели кои не ве заборавиле.
Лав
Ве стигнуваат долгови кои сте ги направиле во далечното минато. Сознанието стигнува низ писмена опомена која ќе ве вознемири. Пред да ве зафати паника, направете нова пресметка и на тој начин план како ќе се извлечете од новонастанатата ситуација.
Девица
Не сте сигурни во кој правец да продолжите понатаму, па таа дилема може да ви создава големи главобоки. Немате многу време за мислење, мора брзо да делувате. Немојте да паничите, туку размислувате креативно и послушајте ја својата интуиција.
Вага
Мислите дека само вие се трудите. Иако сакате да најдете заобиколен пат до заработка, за вас е подобро да се потпрете исклучиво на своите способности, затоа што единствено само така ве чека успех. Бидете внимателни, ве очекуваат тешкотии со авторитети.
Шкорпија
Премногу сте сериозни. Денот е совршен да си дадете малку здив, да избегате од работа и да ги минете часовите во друштво на пријатели кои не ве оптоваруваат со ништо. Работата нема да избега, никој нема да примети дека ве нема, а вие ќе бидете освежени.
Стрелец
Претерано сонување може да ве внесе во искушение да поверувате во брза парична заработка. Ова во вас може да разбуди желба за разговор со личност во странстов, а која по темперамент е слична на вас. Немојте да се занесувате со илузии, држете се до реалноста.
Јарец
Се трудите да се преставите посериозни и позрели отколку што навистина сте. Немојте да ги потценувате туѓите ставови затоа што не потекнале од вас, па не може ниту да ги докажете. Држете се до своето мислење, затоа што него секогаш може да го браните.
Водолија
Атмосферата на работа станува неиздржливо напната. Ова е предизвикано од непријатни вести. Совет би било да не давате премногу значење затоа што е минлив проблем. Пуштете ситуацијата да се стиши, вашата позиција засега е стабилна.
Риби
Денот не е поволен за почнување на нови работи, затоа што следуваат неочекувани пресврти и изненадувања. Немојте да се впуштате во дискусии и расправии со колегите, затоа што може да преминат во жестоки караници од кои вие ќе го извлечете најдебелиот крај. Мирот барајте го со добар филм или книга.
