ОВЕН
Работа: Давате сугестии околу некои преговори. Вложувате максимален напор, но затоа постигнувате одличен резултат.
Љубов: Ви годи редовната комуникација со симпатијата. Чувствувате дека е прашање на ден кога ќе влезете во врска.
Здравје: Стабилно здравје.
БИК
Работа: Не сте претерано сконцентрирани на работата, и поради тоа сте наклонети кон правење на мали грешки.
Љубов: Имате потреба да се слушнете со поранешниот партнер, и му се јавувате. Не сакате да ги анализирате емоциите кон него.
Здравје: Чувајте го грлото.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Во фаза сте на правење нови планови. Проблем е што ништо не се одвива како што треба, и демотивирани сте.
Љубов: Уживате во тајниот флерт со симпатијата. Ви годи нејзиното друштво.
Здравје: Стабилно здравје.
РАК
Работа: Добивате добра понуда која ја криете од колегите.
Љубов: Не сакате да се откажете од брачниот партнер. Пробувате да го одржите бракот и покрај очигледната незаинтересираност на партнерот.
Здравје: Потребен ви е одмор.
ЛАВ
Работа: На работа е присутен застој, но тоа не ве демотивира. Напротив, проблемите ги гледате како предизвик. Вложувате уште повеќе енергија за постигнување на целта.
Љубов: Имате различен став кон финансиите во однос на партнерот: вие сте загрижени, а тој опуштен.
Здравје: И натаму проблеми со реумата.
ДЕВИЦА
Работа: Детално ја анализирате понудата. Заклучувате дека има повеќе лоши страни од предности. Дефинитивно ја одбивате.
Љубов: Партнерот има впечаток дека не сте опуштени, и пробува да ве опушти.
Здравје: Притисокот е нестабилен, и се чувствувате поспано.
ВАГА
Работа: Би било добро да внимавате што, како, и кому зборувате. Не се сите колеги добронамерни и може да ги извртат вашите зборови.
Љубов: Очекувате од поранешниот партнер да ви понуди продолжение на врската, и ќе прифатите.
Здравје: Проблеми со спиењето.
ШКОРПИЈА
Работа: Многу сте заинтересирани за почеток на соработка со странците. Имате големи очекувања и нетрпеливо чекате да го прифатат вашиот предлог.
Љубов: Задоволен сте од односот со партнерот. Тој е вашата главна поддршка.
Здравје: Проблеми со кожата.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Опуштени сте на работа. Свеста дека одлично ја познавате материјата ви овозможува самоуверен став.
Љубов: Партнерот инсистира на средба, а вие не сте претерано заинтересирани.
Здравје: Дишните органи се чувствителни.
ЈАРЕЦ
Работа: Максимално сте амбициозни. Прилив на пари и работен успех ви даваат крила. Целите ги подигнувате на уште повисоко ниво.
Љубов: Партнерот има впечаток дека повеќе се фокусирате на работата, отколку кон него.
Здравје: Стабилно здравје.
ВОДОЛИЈА
Работа: Имате големи очекувања од соработка со странци. Верувате дека ќе го прифатат вашиот предлог.
Љубов: Пред вас е ново познанство, но моментално немате некои јасни очекувања од него.
Здравје: Солидно здравје.
РИБИ
Работа: Постигнувате успех. Многу сте горди затоа што некои колеги не веруваа дека вашите планови се изводливи.
Љубов: Заинтересирани сте за врска. На другата страна и давате сигнал.
Здравје: Добро се чувствувате.
