Oвeн – Доста размислувања и прераскажувања со соработниците ќе ја одбележи оваа работна недела. Сепак, деталите оставете ги за во понеделник. Поволните астролошки аспекти во сферата на љубовта ви даваат добра основа да се ангажирате и направите контакт кон личноста која го привлекува вашето внимание. Многу добро здравје.
Биĸ – Најверојатно ќе нема причини и потреби за допонителни активности во текот на оваа недела. Направете ги сите можни подготовки за новата работна недела. Што се однесува до случувањата на љубовното поле, изненадувања не се исклучени, особено ако сте оставиле некои неразјаснети детали во врска со саканата личност. Здравјето е одлично.
Близнaци – Би можеле да очекувате некои разговори или договори на семејна основ. Ќе ви бидат добродојдени малку активности во домот. Опуштеното однесување може да и биде од корист во љубовното поле, особено ако сте имале напнат изминат период. Многу добро здравје.
Paĸ – Иако не сте на оптимум со енергијата, немате причина да бидете целосно пасивни. Ако ништо друго искористете го денот за некоја физичка активност, прошетка по отворено. Покажете доволно разбирање и трпение за другата страна. Организирајте некоја дружба со роднините и пријателите. Здравјето е многу добро.
Лaв – Не е лош ден за сумирање на резултатите од направеното и правање планови за идните работни предизвици. На љубовното поле позитивни околности. Може да очекувате повеќе изненадувања, особено ако сте планирале да се забавувате и да се дружите со личност која наодамна сте ја запознале. Здравјето е без знајачни предупредувања.
Дeвицa – Секогаш имате нешто да изработите, но денеска оставете затоа што ништо нема да ви оди од раце или онака како што сте замислиле. Погрешно ќе ги сфатите сигналите кои си ги праќате еден кон друг, па ситуацијата во емотивната сфера може да се претвори во несогласувања. Одлично е здравјето.
Baгa – Вториот ден од викендот ви носи реални аспекти малку реално да ја согледате актуелната работна ситуација и да се подготвите за работа на некој нов проект. Расмислете и обидете се да преземете некои детали од сферата на љубовта во свои раце. Прилагодете ги своите работни обврски со обврските во приватниот живот. Здравјето е многу добро.
Cĸopпиja – Би можеле да се занимавате со заостанатите обврски од претходниот период, а остатокот од денот да го минете во одмор и релаксација. Денеска не сте на иста бранова должина со саканата личност. Обидете се да ги избегнете сите конфкликти. Чувствителни ви се зглобовите и коските.
Cтpeлeц – Од повеќе планови кои сте ги имале за оваа недела, добро ќе биде да реализирате пола. Не верувајте многу во ветувања. Во љубовта обидете се максимално да се релаксирате и да ја намалите напнатоста. Ако можете отпатувајте некаде со саканата личност. Хронични проблеми со коските и зглобовите.
Japeц – Имате реални шанси сите обрски да ги завршите на време, и доволно време да одморите. На емотивното поле, препуштете се на иницијатива и организација околу активности од страна на партнерот или партнерката. Потребно ви е повеќе слободни моменти. Доволно наспијте се.
Boдoлиja – Помалку или повеќе, се е под контрола и реализацијата на плановите денеска не се доведува во прашање. Посветете се на некоја заедничка активност со саканата личност и уживајте во одморот. Без значајни предупредувања со здравјето.
Pиби – Bo тeĸoт нa oвoj дeн ќе бидете расположени за комуникација, но на прво место ставете го одморот и опуштањето. Најверојатно непланирано, оваа недела може да донесе фина шанса за ново познанство. За почеток опуштете се и уживајте. Можна главоболка.
